Во рамките на 9 коло од Прва ЖФЛ, во Битола домашната екипа на ЖФК Атлетико го нагости тимот на ЖФК Љуботен од Тетово. Во отворена игра и натпревар со многу шанси на двете страни, каде што на едната страна ЖФК Атлетико го краси младоста и полетноста, на другата страна тетовчанки го имаат искуството на своја страна, двете екипи одиграа реми и ги поделија бодовите.
Крајниот резултат гласи 1:1, каде што битолчанки имаа еден гол предност на полувреме. Голот за ЖФК Атлетико го постигна Јована Павловска, додека за ЖФК Љуботен стрелец беше Јулија Живиќ која што е во голгетерска форма.



