Петтиот натпревар од овогодинешното НБА финале пружи неверојатна возбуда и интересни моменти.
Имено, Мајами Хит намалија на 3-2 и обезбедија уште најмалку еден натпревар, откако синоќа ги победија ЛА Лејкерс со 108-111.
Натпреварот беше интересен во повеќе сфери, а посебно во четвртата четвртина, кога имаше бројни промени на водството во завршницата.
Од победничкиот состав, убедливо најкорисен кошаркар беше Џими Батлер со трипл-дабл учинок составен од 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Кај Лејкерс, до дабл-дабл учинок стигнаа одличните ЛеБрон Џејмс (40 поени и 13 скокови) и Ентони Дејвис (28 поени и 12 скокови).



