Извонредна игра на македонската репрезентација до 21 година на гостувањето против Казахстан и убедлива победа од 1:4 во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Нашиот тим одигра перфектно и бодовно сега сме во игра за пласман на Европското првенство. Со 13. бода сме втори на табела зад Шпанија. Најзаслужни за гостинскиот триумф против Казакстан со резултат од 1:4 на полувреме беше 0:2 се Чурлинов кој беше двоен стрелец, а по еднаш прецизно во противничката мрежа стрелаа Атанасов и Митровски.
Почесниот гол за казакстанците го постигна Омиртаев. Домашната репрезентација на Казакстан не можеше да го прати темпото и играта на македонскиот национален тим па во вториот дел поради груба игра заработија дури два црвени картони и тоа стрелелцот на голот Омиртаев и Омарбашев.
Состав Македонија У-21: Јанков, Тодоровски, Личина, Руфати, Антовски (Ацковски 73‘), Атанасов, Здравковски, Даци (Миовски 62‘), Чурлинов (Фазлиу 83‘), Ѓорѓиевски (Тошевски 62‘), Митровски (Гроздановски 75‘).



