Хатем Бен Арфа имаше разочарувачка авантура во шпански Ваљадолид. Францускиот 33-годишен крилен напаѓач како слободен играч потпиша за Бордо кој е единствен клуб во Лига 1 што не донесе ниту едно засилување.
Тренерот на Бордо Жан Луис Гасет е воодушевен од овој трансфер и фудбалерот го смета како генијалец со топка, па секако во неговиот тим е добредојден претстојнава сезона. Инаку Бен Арфа се верува дека е договорен на една година, а за него ова е вкупно шестти француски тим по Олимпик Лион, Олимпик Марсеј, Ница, Рен и ПСЖ.



