Атланта Брејвс ја започнаа својата четврт-финална серија против Мајами Марлинс со триумф од 9-5.
Иако резултатот звучи убедливо, сепак, после шестиот ининг, Мајами беше тимот што водеше со 3-4.
Во седмиот ининг, Атланта постигна шест поени за комплетирање на пресвртот.
Хоум-рани за победничкиот состав забележаа Роналд Акуња, Тревис д’Арно и Дансби Свонсон, додека за Марлинс, поентираше само Мигел Рохас.



