Тампа Беј Рејс и Њујорк Јенкис се противниците од најизедначениот четврт-финален дуел во тековната МЛБ сезона.
Синоќа, на првиот меч од меѓусебната серија, екипите беа изедначени сè до деветтиот ининг.
Имено, после осум ининзи, Јенкис имаа предност од 3-4, а во последната деветина, од пет удари, забележија дополнителни пет поени за конечна победа од 3-9.
Од играчите на Тампа Беј, Ренди Арозарена и Џи-Ман Чои запишаа по еден хоум-ран, додека кај Јенкис поентираа четири играчи и тоа: Клинт Фрејзер, Кајл Хигашиока, Арон Џаџ и Џанфранко Стентон.
Со овој триумф, Јенкис поведоа со 1-0 во серијата, а освен нив, синоќа, првата победа ја запишаа и Хјустон Астрос, кои триумфираа над Оукленд Атлетикс со 5-10.



