Овогодинешното 38. издание на голф турнирот ,,Скотиш Опен” донесе неверојатна возбуда, посебно во последниот ден.
Првиот ден, најдобар беше Англичанецот Ли Вествуд со (-9) освоени поени.
Сепак, искусниот голфер го загуби водството наредниот ден и тоа од Лукас Херберт, кој изби на првото место со (-11).
После третиот ден се случи уште една промена на првопласираниот, односно во водство премина Роберт Рок, со вкупни (-9), откако водечките натпреварувачи потфрлија.
Последниот ден беше проследен со неверојатна битка за самиот врв. При последната осумнаесетта дупка, Рок направи ,,буги” и падна на третото место со (-10) поени. Од друга страна, Томи Флитвуд се израмни со водечкиот Арон Реј на (-11), токму со ,,брди” во последната дупка.
Двајцата Англичани, Флитвуд и Реј, отидоа во доигрување, после коешто Реј излезе како победник, откако направи пар на единствената дополнителна дупка. Флитвуд киксна во битката за трофејот, со (+1) во доигрувањето.
Реј е еден од ретките професионални голфери што носи две ракавици. Сепак, 25-годишниот играч, родум од Вулверхемптон, ја оствари својата втора победа на еден турнир од Еуропеан Тур. Првата датира од 25 ноември 2018, кога го освои ,,Хонма Хонг Конг Опен”.



