Во првенствен натпревар на Кипар имавме можност да проследиме македонско дерби во кое што до победа стигна домашната екипа на Паралимни кој што ја предводи голманот Филип Гачевски против Аек Ларнака на Иван Тричковски и Стефан Спировски.
Водството го отворија гостите уште во 3 минута со голот на капитенот Иван Тричковски кој што при еден корнер и мешаница пред петерецот го совлада на Гачевски.
Во вториот дел македонскиот голман имаше блескава партија имаше неколку квалитетни одбрани со кои што не дозволи ново водство на противниците, а неговиот тим со пресврт дојде до триумф од 2:1 и три бода од натпреварот.
Тричковски со овој гол веќе има 4 погодоци во лигата и го дели првото место на листата на стрелци со грузиецот Окриашвили. Аек Ларнака останува на втора позиција со 10 освоени бода, додека Паралимни ги освои првите бодови и е на последната позиција на табелата.



