Вељко Пауновиќ го препороди оваа сезона тимот на Рединг кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип. Во вчерашната пресметка против ланскиот премиерлигаш, тимот на Ватфорд кој го предводи исто така српски стратег, Владимир Ивиќ натпреварот заврши со минимални 1:0 со голот на Пушкаш.
Рединг по четири одиграни кола има максимални четири победи и е хит во првенството, односно запишаа на контото 12 бода исто колку Бристол Сити и го делат врвот на табелата. Ватфорд останува на седмата позиција со седум освоени бода.



