Ковентри и Барнмут го отворија четвртото коло од новата Чемпионшип сезона, со меѓусебниот дуел на ,,Ст. Ендру’с Стадиум” во Бирмингем.
Минатосезонските премиерлигаши, Барнмут, успеаја да триумфираат со 1-3 за третата победа сезонава и прво место на табелата, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
Од друга страна, за Ковентри ова беше прв пораз на провизорниот домашен терен уште од 13 октомври 2019, кога загубија со 0-1 од Транмер и втор во првите четири кола од сезоната 2020/21.
Последниот дуел на овие две екипи беше одигран на 26 февруари 2013, во 35. коло од Лиг 1, а тогаш славеше Ковентри со 0-2.
Денес, водство на Барнмут му донесе Џеферсон Лерма во 7. минута, а во 39. од пенал за Ковентри израмни Метју Годен.
Во второто полувреме, Барнмут го постави конечниот резултат, благодарение на двата гола на Ден Гослинг (51′ и 60′).
Само девет минути по примениот трет погодок, Густаво Хамер заработи црвен картон и ги остави домаќините со играч помалку.



