Мајами Марлинс се претпоследните четврт-финалисти, кои изборија пласман во осумте најдобри, откако ги елиминираа шампионите од 2016, Чикаго Кабс, со вкупни 2-0.
Во првиот меч, Марлинс славеа со 1-5, а вториот беше одигран синоќа, по претходното одложување поради временските услови.
Вчера вечер, клубот од Мајами беше поуспешен од Кабс со 0-2.
Единствените поени паднаа во седмиот ининг, а хоум-ран забележа Герет Купер.
Во четврт-финалето, Мајами ќе се соочи со Атланта Брејвс, кои со ист вкупен резултат триумфираа над Синсинати Редс.



