Првопласираните по завршувањето на регуларната сезона, Пенрит Пантерс, во првиот плејоф натпревар годинава во НРЛ, ги одмерија силите со четвртите Сиднеј Рустерс.
Имено, Рустерс се актуелните шампиони на НРЛ, кои не се симнати од тронот цели две години. Сепак, денес Пенрит, предводен од Клери, успеа да избори триумф од 29-28 и да се пласира директно во полуфиналето.
Поради необичниот плејоф формат во Австралија, Рустерс сè уште немаат отпаднато, но мораат да победат уште еден меч за да се пласираат во најдобрите четири.
Актуелните шампиони одлично го отворија натпреварот со 0-10 по воведните девет минути. До крајот на првото полувреме, Пантерс направија одлична серија од 22-0, којашто ја зголемија на 28-0 до педесеттата минута. Иако, Сиднеј беше подобар противник во вториот дел, сепак не успеа да сигне до победата, пред сè поради дроп-голот на Клери на две минути до крајот и промашениот дроп-шут на Кери во последните секунди.
Имено, Клери беше убедливо најефикасниот рагбист на натпреварот со дваесет и еден постигнат поен. Освен него, за Пантерс, по еден есеј запишаа Мансур и Стивен Крајхтон.
Од друга страна, за Рустерс поентираа Морис (х2), Ласик, Тедеско и Ангус Крајхтон преку есеи, односно Фланаган преку четирите успешни конверзии.
Хајлајтс од натпреварот, можете да најдете на следниот линк: https://www.nrl.com/news/2020/10/02/match-highlights-panthers-v-roosters/



