Оваа година Wizz Air Скопски маратон ќе се одржи на 4 октомври, во недела со истата патека, но со нов старт и цел, за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид-19. На годинешното издание ќе учестуваат 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“.
Специјално за порталот www.javisejuzna.mk своја изјава во пресрет на Wizz Air Скопски маратон даде и Националниот Шампион во Маратон Александар Кираџиев:
Со оглед на целокупната пандемиска ситуација и одложување на комплетната пролетна сезона, успевавме до овој момент некако да ја изменаџираме формата и да излеземе што поподготвени за неделниот Скопски Маратон. Маратонот е долга, тешка и исклучително непредвидлива дисциплина, во чиј тек може сешто да се случи.
Во однос на мојата трка, се чувствувам подготвен, во изминатите 10 месеца (од Ноември па навака) имам изработено многу километри во нозете, разно разни интензитети и методи. За во недела ќе атакувам на подобрување на мојот најдобар резултат во Маратон (2:37:41), а тоа објективно гледано, би ми донело и одбрана на титулата Национален Шампион во Маратон. Уште еднаш напоменувам, маратонот е исклучително непредвидлива дисциплина и мора многу паметно да се пристапи. Им посакувам на сите учесници успех, а на организацијата исто така успех, без пречки и потешкотии во реализацијата на целиот настан!



