Торонто Блу Џејс изборија пласман во плејофот на ,,стаклени нозе”, но веќе заврши нивната краткотрајна авантура.
Имено, Канаѓаните налетаа на првопласираните Тампа Беј Рејс и во скратената осмина-финална серија беа поразени со вкупни 2-0.
Рејс го добија првиот дуел со минимални 3-1, а синоќа славеа убедливо со 8-2.
Имено, домаќините го најавија триумфот уште во првите три ининзи, после коишто, броевите на семафорот гласеа 8-1.
На оваа средба и двете екипи забележија по два хоум-рани, односно Мајк Зунино и Хантер Ренфроу за Тампа Беј и двапати Дени Јансен за Блу Џејс.
Во четврт-финалето, момците од Флорида ќе ги одмерат силите со Њујорк Јенкис, кои со 2-0 ги елиминираа Кливленд Индијанс.



