Оукленд Атлетикс и Чикаго Вајт Сокс го одиграа првиот натпревар од овогодинешниот плејоф, односно од осмина-финалето.
Клубот од Чикаго стигна до победата од 1-4 и поведе со вкупни 1-0 во меѓусебната серија.
Вајт Сокс ги постигнаа своите поени во вториот, во третиот и во осмиот ининг, додека единствениот поен за домаќините падна во претпоследната деветина.
Победничкиот состав постигна и три хоум-рани, кои беа дело на Адам Енгел, на Хозе Абреу и на Јасмани Грендал.
Резултатите од другите три синоќешни плејоф дуели:
Минесота Твинс 1-4 Хјустон Астрос
Тампа Беј Рејс 3-1 Торонто Блу Џејс
Кливленд Индијанс 3-12 Њујорк Јенкис



