Во рамките на седмо коло од Прва ЖФЛ во дербито на колото во Нов Дојран домашната екипа на ЖФК Истатов загуби со резултат од 0:2 од ЖФК Скопје. Трите бода заминуваат за Скопје, а победничките голови ги постигнаа Елма Шемсовиќ и Теа Божиновска.
По репрезентативниот настап двете екипи прикажаа допадлива игра, се водеше битка за бодови кои што на крај завршија за гостинската екипа, а натпреварот помина во фер и коректна игра од двете страни.



