Екипата на ЦСКА Москва го запиша шестиот триумф сезонава и тоа со ,,петарда” во мрежата на Северстаљ Череповец.
Имено, претставниците на главниот град на Русија славеа со 5-0 на домашен терен, со постигнати два гола во првата и три гола во третата третина.
Максим Шалунов беше двоен стрелец во победата на својот тим, а по еднаш, во листата на стрелците се запишаа Константин Окулов, Артјом Блажијевски и Максим Мамин.



