Единствениот денешен КХЛ натпревар го одиграа две екипи од два различни краеви на Русија – СКА Ст. Петербург и Сибир Новосибирск.
До победата дојде гостинската екипа од Новосибирск, којашто беше сметана за аутсајдер, а воедно ја запиша и првата гостинска победа над денешниот ривал после 2013 година.
Од друга страна, СКА постави нов рекорд за најмлада просечна возраст на еден КХЛ меч (21 година), надминувајќи го учинокот на Локомотив Јарослављ (21 година и 184 дена).
Сибир поведе после седум минути игра преку Јефим Гуркин, а СКА израмни со голот на дваесетгодишниот Иван Морозов од пенал после четири минути игра.
Во наредните две третини, хокеарите на Сибир постигнаа уште три погодоци за конечни 1-4. Јуусо Пуустинен беше двоен стрелец, а еден во листата на стрелците се запиша и Јевгениј Чесалин.
Со овој триумф, Сибир ја прекина серијата од два порази и изби на седмата позиција на Истокот, додека СКА е првопласирана екипа на Западот.



