Синсинати Редс и Милвоки Бруерс, синоќа, ги одмерија силите во меѓусебен натпревар за пласман на позиција што води во плејоф.
Како подобар тим, воедно третпат во низа во меѓусебните дуели, се покажа Синсинати, кој успеа да слави со 6-3, поентирајќи само во шестиот и во осмиот ининг.
Победничкиот состав забележа и три хоум-рани што беа дело на Еухенио Суарез, Курт Касали и Мајк Мустакас.
Бруерс двапати го удрија топчето до трибините преку Џед Џорко и Џејс Питерсон.
Овој пораз, ја прекина серијата од четири врзани триумфи на Милвоки (26-27) и ги исфрли на деветтото место, односно првото под плејоф-зоната. Од друга страна, Редс скокнаа до седмата позиција во Националната лига со учинок од 28-27.



