ЛА Лејкерс поведоа со 2-0 во полуфиналната серија против Денвер Нагетс, со синоќешната победа од 105-103.
Лејкерс имаа резултатска позитива во првите три четвртини, а во последната беше неизвесно до самиот крај.
Победата на Лејкерс им ја донесе Ентони Дејвис со тројката во последната секунда.
Дејвис стана првиот кошаркар на ,,Езерџиите” што постигнал тројка за победа во последната секунда на еден плејоф натпревар после Роберт Хори во 2002 против Сакраменто Кингс.
Стандардно, најефикасни играчи на победничкиот состав беа Ентони Дејвис и ЛеБрон Џејмс со 31, односно 26 поени.
Исто сценарио имаа и Нагетс, каде што доминираа Никола Јокиќ (30 поени) и Џамал Мареј (25 поени).



