понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Целосен детален преглед на Тур д Франс

Епов Насе ✏️ Епов Насе
септември 20, 2020
📁 Останато, Спорт

Етапен преглед на овогодинешното 107. издание на Тур д Франс долго 3482,2 километри, кое траеше од 29 август до 20 септември поради одложувањето предизвикано од пандемијата.

Епилог:
Пресудна етапа за триумфот на Тадеј Погачар беше претпоследната, после којашто младиот Словенец ја презеде жолтата маица од поранешниот ски-скокач – Примож Роглич.
Возачот на ,,УАЕ Тим Емирејтс” стана најмлад освојувач на Тур д Франс со 21 година и 364 дена, претекнувајќи го минатогодишниот победник – Еган Бернал.
Погачар, исто така, освои уште две маици – белата за најдобар млад возач и точкастата за најдобар во планинскиот поредок.
Зелениот дрес, за најмногу освоени поени, замина во сопственост на Ирецот Сем Бенет.
Како најдобар тим се покажа ,,Мовистар”, за којшто возеа Енрик Мас, Алехандро Валверде, Карлос Верона, Марк Солер, Нелсон Оливеира, Хозе Рохас Гил, Иманол Ервити и Дарио Каталдо.

Етапа 1:
На првата етапа од 107. издание на Тур д Франс најбрз беше Норвежанецот Александар Кристоф. За возачот на ,,УАЕ Тим Емирејтс”, ова беше четврта етапна победа на најпрестижната трка во календарот.
Кристоф, во завршницата, покажа најдобри спринтерски перформанси и зад себе ги остави Мадс Педерсен и Кеес Бол. Во првите десет завршија и Бенет, Саган, Вивијани, Ницоло, Кукар, Туржи и Стујвен.

Етапа 2:
Французинот Жулиен Алафилип ја оствари петтата победа во кариерата на својата домашна трка, Тур д Франс, откако триумфираше на втората овогодинешна етапа.
Возачот на ,,Декојнинк-Квик-Степ” ги остави зад себе Марк Хирши и Адам Јејтс, а во првите десетмина се пласираа и: Ван Авермет, Игита, Молема, Лутшенко, Погачар, Шахман и Бетиол.
Исто така, Алафилип ја презема жолтата маица во пресрет на третата етапа.

Етапа 3:
Кејлеб Уан дојде до четвртата победа во кариерата на Тур д Франс.
Возачот на ,,Лото Судал” беше најбрз на завршниот спринт на третата овогодинешна етапа, оставајќи ги зад себе Сајмон Бенет и Џакомо Ницоло.
Во пелотонот, освен тројцата горенаведени, спаѓаа уште голем број други врлосипедисти, а во првите десет беа: Хофштетер, Саган, Теунс, Бол, Трентин, Кукар и Бонифацио.

Етапа 4:
Фантастичниот завршен спринт во завршницата му ја донесе третата етапна победа во кариерата на Тур д Франс на Примож Роглич!
Возачот на ,,Џамбо-Висма” славеше на четвртата етапа, носејќи и’ 1-2 победа на Словенија, откако на втората позиција се пласира Тадеј Погачар.
Како трет заврши Гијом Мартен, а во продолжение следуваа Наиро Кинтана, Жулиен Алафилип, Мигел Анхел Лопез, Еган Бернал, Тибо Пино, Микел Ланда и Адам Јејтс.

,,Всушност, денес беше брз ден, момците завршија огромна работа, секогаш бев при врвот.” – истакна Роглич на интервјуто непосредно по трката.

Етапа 5:
Втора индивидуална победа на Тур д Франс во кариерата за Вут Ван Аерт.
Белгиецот беше најбрз на спринтот во завршницата на петтата етапа, победувајќи го Кеес Бол во директен дуел. За ,,Џамбо-Висма”, ова е втора победа на тековниот Тур д Франс, откако вчера славеше Примож Роглич.

Етапа 6:
Прва победа во кариерата на Тур д Франс за Алексеј Лутшенко.
Воедно, Казахстанецот му ја донесе и првата победа на тековниот Тур д Франс на тимот на ,,Астана”.
Лутшенко доминантно ја оствари најубедливата победа во првите шест етапи со 55 секунди предност во однос на второпласираниот Хесус Херада и 2:15 минути предност во однос на третопласираниот Грег Ван Авермет.

Етапа 7:
Втора победа на Тур д Франс за Вут Ван Аерт и воедно трета за ,,Џамбо-Висма”.
Белгиецот беше најдобар на завршниот спринт на седмата етапа, односно ги остави зад себе Едвалд Боасон Хауген и Брајан Кокар.
Од водечките во генералниот пласман, потфрли единствено Тадеј Погачар, кој беше заедно во група со Ричард Карапаз и имаше заостаток од 1:20 минути.

Етапа 8:
Прва индивидуална етапна победа на Тур д Франс за Нанс Петерс.
Французинот му ја донесе и првата победа на тековниот тур на ,,АГ2Р Ла Мондијал” на осмата етапа, долга 141 километар со планински карактер.

Етапа 9:
Прва победа во кариерата на Тур д Франс за Тадеј Погачар.
Словенецот беше подобар од неговиот сонародник, Примож Роглич, на денешната деветта етапа.
Подиумот го комплетираше Швајцарецот Марк Хирши, а во првите десет се пласираа: Бернал, Ланда, Молема, Мартин, Барде, Порт и Уран.

Ден за одмор

Етапа 10:
Сем Бенет победи на десеттата етапа од Тур д Франс што воедно е негова прва етапна победа на најпрестижната трка во календарот.
Возачот на ,,Декојнинк-Квик-Степ” беше побрз од Кејлеб Уан и од Петер Саган во завршниот спринт.

Етапа 11:
По вчерашното второ место, Австралиецот Кејлеб Уан, денес ја запиша својата втора победа на тековниот Тур д Франс.
Возачот на ,,Лото-Судал”, на денешната рамна етапа, зад себе ги остави Петер Саган и Сем Бенет, а единствениот друг двоен победник, Вут Ван Аерт, беше четврти.

Етапа 12:
Прва престижна етапна победа за Швајцарецот Марк Хирши!
Возачот на ,,Тим Санвеб” беше убедливо прв на денешната дванаесетта етапа од Тур д Франс, којашто беше со ридски карактер. Подиумот го комплетираа Пјер Ролан (+0:47) и Сорен Краг Андерсен (+0:52).

Етапа 13:
Даниел Фелипе Мартинез е победник на тринаесеттата етапа на Тур д Франс, којашто беше со среднопланински карактер.
Возачот на ,,ЕФ Едукејшн Фирст”, во завршниот спринт, го претекна Ленард Камна и дојде до својата прва победа во кариерата на оваа трка.
На третото место заврши Максимилијан Шахман (+0:51), кој воедно беше и последниот возач со заостаток помал од една минута.

Етапа 14:
Сорен Краг Андерсен ја победи четиринаесеттата етапа од Тур д Франс што воедно е негова прва победа на оваа трка во кариерата.
Данецот од ,,Тим Санвеб” беше за петнаесет секунди побрз од пелотонот во којшто најнапред беа Лука Мезгец и Симоне Консони.

Етапа 15:
Нова словенечка еден-два победа на петнаесеттата етапа на Тур д Франс.
На денешната планинска патека, Тадеј Погачар ја оствари својата втора победа, пред сонародникот Примож Роглич. Подиумот, на денешната етапа, го комплетираше Ричи Порт.

Ден за одмор

Етапа 16:
Германецот Ленард Камна е победник на шеснаесеттата етапа на Тур д Франс.
За возачот на ,,Бора-Хансгрое”, ова е прва победа на најпрестижната велосипедска трка.
Со релативно висок заостаток од 1:27 минути, Ричард Карапаз беше втор, а како третопласиран заврши Себастиен Рајхенбах.

Етапа 17:
Најдобриот млад возач на последните две изданија на Џиро д’Италија конечно ја запиша својата прва победа на Тур д Франс.
Имено, на седумнаесеттата овогодишна етапа, најбрз беше Колумбиецот Мигел Анхел Лопез, кој зад себе ги остави двата Словенци – Примож Роглич (+0:15) и Тадеј Погачар (+0:30).

Етапа 18:
Прва индивидуална етапна победа на Тур д Франс за Михал Квијатковски.
Возачот на ,,Инеос” победи на осумнаесеттата овогодишна етапа, пред Ричард Карапаз (+0:00) и Воут Ван Аерт (+1:51).

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Етапа 19:
Втора овогодишна етапна победа на Тур д Франс за Данецот Сорен Краг Андерсен.
Возачот на ,,Санвеб” беше најдобар на деветнаесеттата етапа, оставајќи ги зад себе, со педесет и три секунди заостаток, Лука Мезгец и Јаспер Стујвен.

Етапа 20:
Неверојатен пресврт се случи на претпоследната етапа од овогодинешниот Тур д Франс!
После дванаесет дена на првото место, Примож Роглич ја загуби жолтата маица од својот сонародник, Тадеј Погачар, кој на денешната хронометарска етапа беше побрз за 1:56 минути.
Погачар ја освои својата трета етапна победа на најпрестижната велосипедска трка.

Етапа 21:
Сем Бенет од Ирска ја освои последната етапа на Тур д Франс, којашто стандардно завршува на Елисејските полиња во центарот на Париз и има ревијален карактер.

Генерален пласман:

1. Тадеј Погачар 87:20:05 ч.
2. Примож Роглич (+0:59)
3. Ричи Порт (+3:30)
4. Микел Ланда (+5:58)
5. Енрик Мас (+6:07)
6. Мигел Анхел Лопез (+6:47)
7. Том Думулан (+7:48)
8. Ригоберто Уран (+8:02)
9. Адам Јејтс (+9:25)
10. Дамијано Карузо (+14:03)

Tags: велосипедизамПогачарТур д Франс
ShareTweet
Претходна вест

(Фото + Видео) Групата Нокаут победи на „Макфест 2020“

Следна вест

Стружанка рутински на гостувањето против Ѓорче Петров

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Стружанка рутински на гостувањето против Ѓорче Петров

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.