Eкипата на ЖРК Стружанка денес стигна до првата победа во новата сезона на гостувањето против Ѓорче Петров – ЖРК со 15-24 (полувреме 6-12) во меч од второто коло во Женската лига. Најефикасни кај гостинките од Струга беа Јовичанац со 9 и Делиоска со 5 голови, додека кај домаќинот Цветановска со 8 погодоци.
Ѓорче Петров – ЖРК 15 -24 ЖРК Стружанка (ЦЕЛОСНА СТАТИСТИКА)



