Афродита Салихи е најдобра фудбалерка во првенството во Прва МФЛ, настапува за тимот на ЖФК Скопје, а таа е репрезентативка која што ги започна и дебитантските настапи на самата репрезентација на квалификациските натпревари.

Поради недоразбирања и проблеми на релација играч – селектор, Салихи беше изоставувана од репрезентативните настапи. Пред натпреварот против Франција кој ќе се игра на 22-ри во вторник на националната Арена во Скопје против топ репрезентацијата на Франција се враќа во вистински момент кога тимот е засегнат од проблеми и важноста на средбата.
,,По подолго време се враќам во националниот дрес на Македонија и ќе бидам во ростерот кој ќе конкурира за квалификацискиот натпревар против силната Франција. Помеѓу мене и селекторот Кирил Изов веќе нема недоразбирања, надминати се разликите во нашите размислувања и решени се проблемите. Грешките беа на двете страни и ние тоа го решивме. Убаво е чуството да се облече националниот дрес и ми се враќаат сеќавањата од минатото. Што се однесува до натпреварот против Франција, ние ќе го дадеме својот максимум и ќе пробаме да им парираме и да бидеме достоен противник. Ние ќе настапиме со една нова и млада репрезентација која што за прв пат ќе има прилика да се соочи со ваков сериозен противник. Ќе биде навистина тешко, но барем младите ќе собираат и акумилираат искуство за следните меѓународни натпревари” – изјави за јависејужна.мк Афродите Салихи.



