Трето коло во Втора МФЛ и први три бода за Росоман 83 кои за нив се историски бидејќи се дебитанти во ова натпреварување. Во возбудлив и изедначен натпревар помеѓу истоимената екипа на Росоман и Каменица Саса, резултатот заврши 3:2 во корист за домаќините.
Триумфот и трите бода се дело на стрелците Сашко Дуков, Филип Јовановски и Дарко Мојсовски. Тежина и значење на големиот триумф е и фактот што Росоман мечот го заврши со играч помалку.
Во останатите натпревари Велешта приреди изненадување и одигра на гости против Гостивар со резултат од 1:1, Охрид на домашен терен загуби минимално од 0:1 против Скопје, а во малото дерби Тиквеш триумфираше со 0:3 на гостувањето против Кит Го Пехчево. Победа и Плачковица одиграа без голови.



