ЛА Лејкерс триумфално ја отворија полуфиналната серија со Денвер Нагетс, славејќи со 126-114 во првиот меѓусебен дуел.
Нагетс беа рамноправни во првата четвртина што воедно и ја добија со 36-38, но Лејкерс почнаа да ја градат својата предност уште во втората четвртина и во два наврати водеа со дури дваесет и седум поени разлика.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс) со дабл-дабл учинок од триесет и седум поени и десет скокови. Од Лејкерс, исто така, до дабл-дабл стигна и ЛеБрон Џејмс со петнаесет поени и дванаесет скокови.
Кај Нагетс, повторно најдобри беа Никола Јокиќ и Џамал Мареј со по дваесет и еден уфрлен поен.



