ЖФК Скопје во рамките на шесто коло од П)рва ЖФЛ стигна до висока и убедлива победа над екипата на ЖФК Кочани. Крајниот резултат гласеше 14:0 од кои што најзаслужни за триумфот се Афродита Салихи која постигна пет гола, нејзиниот учинок го следеа Елма Шемсовиќ и Теа Бижиновска кои постигнаа хет-трик, двоен стрелец беше Гегова Драгана, додека Елена Петровска постигна еден гол за нови три бода.



