Овој викенд, возачите на Формула 1 се натпреваруваа во Муџело на трката за големата награда на Тоскана.
За ,,Ферари”, ова беше јубилејна илјадита трка во Формула 1.
На квалификациите, Луис Хамилтон ја оствари својата 95. пол-позиција во кариерата.
На самиот старт на трката, Валтери Ботас го претекна Хамилтон, а Макс Ферстапен учествуваше во верижен инцидент од којшто, најдебелиот крај го извлекоа тој и Пјер Гасли.
Возачите на ,,Мерцедес” поставија нов рекорд од триесет и две последователни трки на коишто воделе минимум во еден круг. Претходниот рекорд го држеа пилотите на ,,Вилијамс” од 1995 до 1997 со триесет и една трка.
По заминувањето на безбедносното возачи т.е. при самото негово напуштање на патеката се случи нов сериозен судар во кој настрадаа повеќе болиди: Латифи, Магнусен, Џовинаци и Саинц.
По рестартот, Хамилтон го презеде водството од Ботас, а за третото место се бореа Рикијардо, Албон и Строл.
Сепак, Строл предизвика ново црвено знаменце, откако се удри во заштитната ограда, по што следуваше нов старт на тринаесет кругови до крајот.
Хамилтон и Ботас останаа на истите позиции, а Албон го освои својот прв подиум во кариерата.
Од четвртото место натаму, распоредот беше следниот: Рикијардо, Перез, Норис, Квјат, Леклер, Раиконен, Фетел, Расел и Грожан.
За Хамилтон, ова беше деведесетта победа и сега има само една помалку во однос на рекордерот Михаел Шумахер.



