На трката за големата награда на Сан Марино во МотоГП категоријата, до својата прва ,,кралска” победа дојде Франко Морбидели.
Возачот на ,,Петронас” го презема првото место на самиот старт и го држеше до целта.
Морбидели стана деветтиот различен победник сезонава и четвртиот возач што ја оствари првата победа во 2020. Првпат, после 1949, четири возачи ја оствариле дебитантската победа во иста сезона.
Франческо Бањаја го освои второто место, иако не беше целосно опоравен од повредата. Жоан Мир заврши како трет, откако во последниот круг го претекна Валентино Роси и му го ,,скрати сонот” за двестотиот подиум во кариерата.
На петтото место се пласира Ринс, а поени земаа: Вињалес, Довициозо, Накагами, Милер, Пол Еспаргаро, Оливеира, Биндер, Алеиш Еспаргаро, Лекуона и Зарко.
Во воведните кругови, Фабио Квартараро падна од својот мотоцикл и со тоа го загуби водството во генералниот пласман, кое сега е во рацете на Андреа Довициозо.



