Наоми Осака, по вторпат во кариерата, го освои УС Опен во индивидуална женска конкуренција, односно за првпат после 2018.
22-годишната Јапонка, во финалето, ја победи Викторија Азаренка со 2-1 (1-6; 6-3; 6-3) за нешто помалку од два часа игра.
На патот до финалето, Осака ги елиминира: Дои, Џорџи, Костјук, Контавајт, Роџерс и Брејди, додека Азаренка беше подобра од: Хаас, Сабаленка, Свјонтек, Мухова, Мертенс и Серена Вилијамс.



