Двете екипи што изборија пласман во англискиот професионален фудбал се Бероу и Херогејт.
Бероу, како шампион на петтата лига, се врати помеѓу професионалците за првпат после речиси половина век, додека Харогејт се најде во одбраното друштво за првпат во својата историја.
Бероу го прослави своето враќање со освоен поен против Стивениџ. Имено, двете екипи ремизираа со 1-1 во мечот, на којшто одлучија пеналите. Во 12. минута, предност на Бероу му донесе Дајор Ангус, а на пет минути пред крајот, за Стивениџ израмни Иних Ефионг.
Од друга страна, Херогејт не можеше да замисли подобро деби и тоа против Саутенд. Минатосезонските петтолигаши целосно ги декласираа минатосезонските третолигаши со резултат од 0-4.
Првиот професионален гол во историјата на Херогејт го постигна Џек Малдун, кој беше двоен стрелец на денешниот меч. Останатите два гола ги постигнаа Лојд Кери и Арон Мартин.



