НБА лигата во оваа сезона ќе добие нов шампион, откако актуелниот освојувач, Торонто, беше елиминиран во ,,мајсторката” од Бостон Селтикс.
Во неизвесен натпревар, со возбудлива завршница, Селтикс дојдоа до победа од 87-92 и изборија пласман во конференциското финале.
Најефикасен, а воедно и единствен кошаркар на Бостон со дабл-дабл учинок беше Џејсон Татум со дваесет и девет поени и дванаесет скокови.
Кај Торонто, со дваесет поени, најпрецизен беше Фред ВанВлит.
Во конференциското финале на Истокот, Бостон ќе ги одмери силите со Мајами Хит.



