Дербито на денот во КХЛ го одиграа едни од главните претенденти за шампион на Западот – СКА Ст. Петербург и Локомотив Јарослављ.
Веќе на стартот на вториот дел, СКА стекна предност од 3-0, со головите на Андреј Кузменко, Антон Бурдасов и Лукас Бенгтсон.
До крајот на истиот период, Локомотив намали на 3-1 преку Денис Алексејев.
Во третата третина и двете екипи постигнаа по еден гол, односно, за Локомотив погоди Никита Черепанов, а за СКА, на празен гол во последните секунди, прецизен беше Емил Галимов.
За Локомотив, ова беше прв пораз сезонава, а СКА ја запиша третата победа и го презема првото место во Западната конференција.



