ЦСКА Москва успеа да ја оствари третата победа по ред, откако вчера беше подобра од Сибир Новосибирск дури после пенали.
За Сибир, ова беше четврти пораз од исто толку одиграни натпревари сезонава, но прв од ЦСКА во ,,Сибир Арена” после 5 октомври 2018.
По регуларниот дел, а и по продолжението, резултатот изнесуваше 1-1 со двата погодоци во втората третина. Најпрво, за ЦСКА погоди Антон Слепишев, а десет минути подоцна израмни Дмитри Сајустов.
На пеналите, за ЦСКА погодија Антон Слепишев, Брендан Лајпсик и Андреј Локтионов, а за Сибир промашија сите освен Данил Романтсев.



