Скопски ЖФК Скопје во рамките на петто коло од Прва ЖФЛ од Родовиш се враќа со сигурни три бода со триумф од 1:6 над екипата на ЖФК Плачковица. Заслужни за победата и новите три бода се капитенката Афродита Салихи која беше двоен стреелц, а по еден гол постигнаа: Елма Шемсовиќ, Александра Марковска, Елена Петровска и Јана Глигоровска.



