Бостон Селтикс поведоа со 3-2 во меѓусебната четврт-финална серија против Торонто Рапторс со денешната победа од 89-111.
Селтикс доминираа буквално во текот на цел натпревар, а на полувремето имаа предност од цели дваесет и седум поени.
Тројцата најефикасни кошаркари беа од редовите на победничкиот состав: Џејлен Браун (27 поени), Кемба Вокер (21 поен) и Џејсон Татум (18 поени). Со ист поентерски учинок како Татум, беше и најефикасниот играч на Торонто – Фред ВанВлит.



