Екипата на Лос Анџелес Клиперс поведе со 2-1 против Денвер Нагетс, откако денес победи со 107-113 во неизвесен натпревар.
Двете екипи го менуваа водството во текот на натпреварот, но сепак Нагетс беа подоминантен состав во средината на мечот, кога стекнаа и двоцифрена предност.
Никола Јокиќ (Денвер) беше особено ефикасен со дабл-дабл учинок од 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции, а ист број на постигнати поени забележа и Пол Џорџ (ЛА Клиперс).



