Пробиштип е мал град во источниот дел на Македонија, а клубот од градот Фк Рудар бил ,,Рудник” на многу таленти кои прераснале во сениорски играчи со репрезентативно и меѓународно педигре, а клубот претставувал наш македонски бренд.
Останува жалосна информацијата што не се најде решение клубот да функционира и да игра сениорски фудбал макар и во пониските лиги. Фановите и жителите на градот се разочарани и им преостанува само да се присетуваат на убавите спомени од клубот. Во скоро сите општини има сениорски фудбал, само Пробиштип како спортски град останува без таа привилегија.
Многу фирми имаат профитабилен бизнис но не го гледаат својот интерес да вложуваат во фудбалот, односно општо во спортот и малите клубови со ограничени буџети ќе започнат да гаснат и лигите да бидат осиромашени за многу клубови. Останува само надежта дека Пробиштип во блиска иднина повторно ќе има сениорска екипа која ќе се натпреварува рамноправно со останатите клубови.



