Младиот Шпанец, кој е првотимец на Барселона, Ансу Фати, на денешниот натпревар против Украина уште еднаш ја покажа својата класа.
Младиот напаѓач имаше точно 17 години и 311 дена на денот на одигрувањето на овој меч и стана најмладиот стартер на еден натпревар од Лигата на нации.
Фати, во втората минута, изнуди пенал што успешно го реализира Серхио Рамос за водство на Шпанија од 1-0. Во 29. минута, веќе беше 2-0 за Шпанија, откако повторно погоди Рамос, а во 32. минута, Шпанците водеа со 3-0 благодарение на ремек-делото на Фати што воедно е и негов првенец во репрезентативниот дрес. До крајот на натпреварот и младиот напаѓач на Манчестер Сити, Феран Торес, го заби својот прв гол за Шпанија и го постави конечниот резултат од 4-0.



