На денешното гран-при во Монца, Французинот Пјер Гасли дојде до својата прва победа во Формула 1. Воедно, тој стана 109. победник во историјата на Ф1, стана прв француски победник после Оливие Пани и ја оствари првата победа за ,,Алфа Таури” (,,Торо Росо”) после 2008, кога славеше Себастијан Фетел.
Сепак, оваа победа, зад себе крие една трогателна судбина.
Имено, Пјер Гасли, уште од детските тркачки денови, беше одлчиен пријател со актуелниот возач на „Ферари“, Шарл Леклер и со поранешниот Формула 2 возач – Антоан Ибер.
На 31 август минатата година, Антоан Ибер го загуби животот на сред трката во Спа, Белгија, откако беше инволвиран во страшен судар. Оваа несреќа имаше големо влијание врз неговите пријатели – Гасли и Леклер. Поттикнат од целата ситуација, само еден ден подоцна, Леклер ја оствари својата прва победа во Формула 1 што му ја посвети на својот починат долгогодишен пријател.
Пред само шест дена, се наврши годишнина од смртта на младиот француски возач, а веќе денес, возачите излегоа на патеката за првпат после тоа, на трката за големата награда на Италија. Токму во Монца, на денешен ден, Пјер Гасли ја оствари својата прва победа во кариерата на најсензационалниот можен начин, одејќи по стапките и предводен од судбината на Шарл Леклер.
За ситуацијата да биде уште посрцепарателна, токму инцидентот на Леклер во 27. круг беше причината за прекинување на трката и нејзин рестарт, по што најмногу од сите профитираше Гасли.



