Што се случува со англиските фудбалски ѕвезди, по завршувањето на Премиер лига и на самиот старт на новата сезона неколку ѕвезди го користат краткиот одмор за лудување и скандали ширум светот.
Последен таков пример е играчот од средниот ред на Челзи, Рос Баркли ја искористи повредата да не настапи за Англија во натпреварите од Лига нации и направи мини одмор во Дубаи во кој што излезе видео во кој тој е во алкохолизирана состојба и приредува лудо шоу во ноќен клуб.
Овој негов скандал само е продолжение на скандалот на Мегвајер во Грција, а овие случувања направија медиумски хаос и притисок кон клубовите за кој што тие настапуваат.
Се огласи и менаџерот на Челзи Френк Лампард, кој што кажа дека не е диктатор, но дека смета дека Баркли покажал голем непрофионализам и дал лош пример за младите играчи и идоли ширум светот. Лампард во меѓудругото кажа уште дека во иднина нема да биде сведок на вакви ситуации.



