Овој викенд, на програмата на Формула 1 е трката за големата награда на Италија одржана во Монца. На денешните квалификации, до својата 94. пол-позиција стигна Луис Хамилтон, кој постави рекорд на патеката, а воедно го извоза и најбрзиот круг во историјата на Ф1 со време од 1:18,887 минути и просечна брзина од 264,362 км/ч.
Претходниот рекорд го постави Кими Раиконен на истата патека со време од 1:19, 119 минути и просечна брзина од 263,587 км/ч.
На второто место се пласира Валтери Ботас, кој за првпат ќе стартува од првиот стартен ред во Монца. Одличен на третото место беше Карлос Саинц, кој зад себе ги остави Серхио Перез, Макс Ферстапен, Ландо Норис, Даниел Рикијардо, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.
Двата возачи на „Ферари“ повторно потфрлија – Шарл Леклер беше тринаесетти, а Себастијан Фетел – седумнаесетти.



