Бостон Селтикс и Торонто Рапторс, синоќа го одиграа третиот меч од меѓусебната серија, после кој, Торонто намали на 2-1.
Во неизвесен финиш, Даниел Тајс погоди за Бостон на само половина секунда до крајот и му донесе навидум недостижна предност на својот тим од 103-101 и водство од 3-0 во серијата.
Сепак, таа половина секунда му беше доволна на Огугуа Ануноби за да погоди тројка и да му го донесе триумфот на Торонто од 103-104 во една од најсензационалните завршници во историјата.
Кајл Лаури (Торонто) беше најефикасен кошаркар на паркетот со триесет и еден поен, односно два повеќе во однос на најпрецизниот играч на Бостон – Кемба Вокер.



