Колорадо Аваланш успеаја да ја израмнат серијата против Далас Старс на 3-3, со синоќешната победа од 1-4.
Најпрво, Далас поведе преку Миро Хеисканен, а во продолжение, Колорадо заби четири погодоци.
Во првата третина, успешно стрелаше Никита Задоров, во втората – Кејл Макар, а во третата – Мико Рантанен и Нејтан МекКинон.
Одличен на голот на Колорадо беше голманот Мајкл Хатчинсон со дваесет и седум одбрани.
Кејл Макар го постигна вториот погодок на Колорадо во синоќешниот триумф над Далас и го запиша својот петнаесетти поен во овосезонскиот плејоф. Канаѓанецот, моментално, го држи рекордот за најмногу освоени поени од дефанзивци, кои се дебитанти во плејофот. Вчера, рекордер беше Квин Хјуз (Ванкувер Кенакс), кој вечерва ќе го игра својот меч против Вегас Голден Најтс и ќе има прилика да го врати рекордот во своја сопственост.
Имено, претходни дебитантски дефанзивци со најмногу плејоф поени беа:
Јане Ниима (Филаделфија Флаерс) – 13 поени (1997)
Лери Гуденоу (Филаделфија Флаерс) – 14 поени (1976)
Ал МекИнис (Калгари Флејмс) – 14 поени (1984)
Глен Весли (Бостон Бруинс) – 14 поени (1988)
Нејтан МекКинон е првиот хокеар што освоил дваесет и пет поени на првите четиринаесет плејоф натпревари во дресот на својот тим после легендарниот Вејн Грецки во 1993.
,,Мајсторката” од оваа серија ќе биде одиграна на 4 септември со почеток од 22:00 часот по македонско време.



