Торонто Блу Џејс ја прекинаа својата лоша серија од два порази со мининалната победа над Мајами Марлинс од 1-2.
За Торонто, ова беше десетта победа со еден поен разлика сезонава во триесет и пет одиграни средби. Минатата сезона, за да стигнат до десеттата ваква победа им беа потребни дури сто и шест натпревари.
Сите поени на мечот паднаа во петтиот ининг, а единствениот хоум-ран беше дело на Лурдес Гуриел (Торонто).
После овој меч и двете екипи се третопласирани во своите групи: Торонто (19-16) е трет во Источната дивизија на Американската лига, додека Мајами (16-16) ја зазема третата позиција во Источната дивизија на Националната лига.



