Милвоки Бакс доживеаја дежа-ву и во четврт-финалето, откако, исто како и во осмина-финалето, го загубија првиот меч.
Овој пат, подобри од Бакс беа Мајами Хит, кои синоќа победија со 104-115 и поведоа со 1-0 во четврт-финалната серија.
Во изедначен натпревар, тимот од Флорида стигна до победата, откако имаше резултатска предност во поголемиот дел од второто полувреме.
Најефикасен играч на мечот беше Џими Батлер (Мајами) со постигнати четириесет поени, односно дванаесет повеќе во однос на најефикасниот играч од поразениот состав – Крис Мидлтон.



