Естрадниот уметник Методија Столески со нова песна ќе настапи на предстојниот Охрид фест – Охридски трубадури 2020. Песната носи наслов “Играј моме убаво” со текст на Огнен Неделковски, додека музика и аранжман на Петар Кан.
Во 2019-та година Методија настапи со песната “Моето Семејство”, a доби и наградата за Најслушана песна помеѓу два фестивали за песната “Мостови” од 2018 година.
Оваа година поради пандемијата со Ковид 19 Охрид фест ќе се одржи само со Фолк вечерта на 11-ти септември.
Поради пандемијата Методија Столески го одкажа настапот на Пирин фест 2020 во Бугарија, како и многу закажани настапи.



