Веспрем стартуваше со победа во новата сезона на унгарското ракометно првенство, против Будакалаш со резултат 35:24.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигнал 3 гола на својот прв натпревар во новата сезона. Најефикасни во редовите на Веспрем биле Јахија со 8 и Нилсон со 7 голови.