Двајца фудбалери од редовите на Дерби Каунти, Скот Малоун и Мејсон Бенет, денес се преселија во Милвол.
Малоун играше во лондонскиот клуб три сезони, односно од 2012 до 2015, додека Бенет, минатата полусезона одигра девет лигашки натпревари за Милвол на позајмица.
Засега е познато дека Малоун ќе се врати во Лондон како позајмен играч на една сезона, а Бенет ќе направи официјален трансфер.
Интересно е дека Бенет е најмладиот играч што дебитирал за сениорскиот тим на Дерби Каунти (15 години и 99 дена), а воедно и најмлад стрелец во историјата на ,,Овните” (16 години и 174 дена).
Првиот натпревар датира од октомври 2011 против Мидлсброу, а вториот – од јануари 2013 против Транмер во третата рунда на ФА Купот.



