Шеснаесеттото овосезонско НРЛ коло беше отворено на мошне неочекуван начин.
Имено, фаворитите Парамата Илс го запишаа најубедливиот пораз сезонава, а воедно и на ,,Банквест Стадиум”, губејќи со 0-38 од Саут Сиднеј Рабитохс.
Есеите за Рабитохс ги постигнаа: Алан, Пауло, Вокер и С’уа во првото, односно Греам (х2) и Рејнолдс во второто полувреме.
За Саут Сиднеј, ова е петта врзана победа што ги издигна до петтата позиција на табелата, додека Парамата останува трета, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



