На денешната крикет ,,Хол оф фејм” церемонија беа додадени нови играчи во ,,Куќата на славните”.Еден од нив е Јужноафриканецот Жак Калис. Калис е рекордер по бројот на освоени тест и еднодневни поени за ЈАР со над десет илјади и во двата формати. Исто така, овој крикетар е рекордер по бројот на награди за играч на мечот на тестовите со дваесет и три. Калис е само четвртиот Јужноафриканец, кој е член на ,,Куќата на славните”. Освен него, ,,хол оф фејмери” се: Бери Ричардс (2009), Греам Полок (2009) и Алан Доналд (2019).

Освен Калис, воведени во ,,Куќата на славните” беа и Захир Абас (Пакистан) и Лиза Сталекар (Австралија). Абас е единствениот удирач што постигнал ,,стотка” на пет последователни интернационални натпревари и единствениот Азиец со над сто првокласни ,,стотки”. Лиза Сталекар е првата жена со над илјада поени и сто викети во еднодневниот крикет, а воедно е и светска шампионка во еднодневен (2005 и 2013) и Т20 крикет (2010 и 2012).





